Премиерот и министрите утре за првпат ќе одговараат на пратенички прашања

Собранието на Република Македонија утре ќе ја одржи 23. седница на која на дневен ред се поставување пратенички прашања. Премиерот Зоран Заев и министрите првпат по формирање на новата Влада ќе одговараат на прашањата на пратениците.
Седницата за поставување пратенички прашања Парламентот започнува да ја одржува по 100 дена од формирањето на Владата, но поради локалните избори таа беше одложена. Седницата, според Деловникот, се одржува секој последен четврток во месецот, но овојпат е поместена за петок имајќи ја предвид денешната заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија во Струмица.
На седницата задолжително присуствуваат претседателот и членовите на Владата и други носители на јавни функции за кои е најавено дека ќе им се постави прашање.
Редоследот на поставување на пратенички прашања го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи, на начин кој ќе обезбеди сооднос два спрема еден во корист на пратениците од пратеничките групи во опозиција и на пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група.
Последната седница за поставување пратенички прашања се одржа на 29 септември 2016 година, непосредно пред распуштањето на минатиот состав на Парламентот поради одржувањето на парламентарните избори во декември, по што беше формирана новата Влада. На прашања одговараа тогашниот премиер Емил Димитриев и министрите од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре ги закажа продолженија на 8. седница на која треба да се расправа за заменици на генераланиот секретар и 12 седница на која се останати два закони на опозицијата.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
