Премиерот Димитриев на погребот на Шимон Перес во Израел

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска во Ерусалим ќе присуствува на државната меморијална церемонија и државен погреб на деветтиот претседател на Израел Шимон Перес.
Церемонијата на државниот погреб на Перес, кој почина во средата на 93-годиншна возраст ќе биде одржана на израелските национални гробишта Гора Херци во Ерусалим.
На погребот на поранешниот претседател и премиер на Израел и добитник на Нобеловата награда за мир, ќе присуствуваат голем број светски лидери, меѓу кои како што е најавено ќе бидат американскиот претседател Барак Обама, францускиот претседател Франсоа Оланд, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, германскиот претседател Јоаким Гаук и британскиот принц Чарлс, ќе им се придружи и палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Најавено е и присуството на американскиот државен секретар Џон Кери, поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, канадскиот премиер Џастин Трудо, шефот на британската дипломатија Борис Џонсон, шпанскиот крал Фелипе Шести, холандскиот премиер Марк Руте, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, поранешниот британски премиер Тони Блер и многу други.
Во Израел се воведени зајакнати мерки за безбедност, при што осум илјади полицајци ќе бидат мобилизирани во операцијата за која началиникот на полицијата во Ерусалим рече дека е без преседан.
Ново на Сител
-

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, на аеродромите повеќе од два милиони патници во првите шест месеци
-

Туристите и жителите сè уште не можат да се вратат во Сивири
-

Клиника за пластична хирургија: Етапно реконструктивно лекување на повредените во пожарот во Кочани
-

Запросување за време на затемнување на Сонцето, постапката ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи
-

Трамп воведува царини за дронови и ја враќа старата технологија на американските бродови
-

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција
-

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за ЕХФ ЕУРО 2034
-

Расчистено насилство во скопско, поднесена е кривична пријава против три лица
