Премиера на театарската претстава „Викенд на мртовци“ во Кавадарци

Во салата на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци синоќа се одигра премиера на театарската претстава „Викенд на мртовци“, според текстот на Миле Поповски, а во режија на Милица Гочевска.
Претставата е резултат на соработката помеѓу театарот при кавадаречкиот дом на култура и театарската група при Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија.
- Уште од многу одамна постоеше идеја за еден ваков заеднички проект. Претставата е со користење на повеќе дијалекти. Има охридски, скопски, велешки, демиркаписки, но најмногу кавадаречки дијалект. Безвременскиот и моќен текст е приспособен на кавадаречки услови, изјави Гочевска.
Диме Коцевски, кој ја игра главната улога, нагласи дека многу од актерите кои играат во претставата, израснале со двата македонски култни филмови “Тетовирање” и “Викенд на мртовци”.
- Среќен сум што дојде ден да ја одиграм таа култна улога на Тасе. Димче Мешковски постави едни параметри со одигрувањето на таа улога. Јас сега ја носам на свој сопствен начин. Тука е една проверено добра екипа, спој на искуство и младост. Се познаваме долго, но прв пат работиме заедно. Затоа станува збор за едно посебно искуство, нагласи Коцевски, кој искажа уверување дека претставата ќе стане вистински хит, а соработката со актерите од театарската група од Демир Капија ќе продолжи.
Првата од петнаесетината репризи на урнебесната комедија „Викенд на мртовци“ ќе биде во четврток. Се најавуваат и гостувања во други градови.
Ново на Сител
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
-

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека
-

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
