-->
-->
Премиера на операта Адријана Лекуврер во МОБ
-->

Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа.
Се работи за најизведуваното дело од овој автор, а во подготовката на премиерата учествуваше интернационална екипа. Режисер е Енрико Кастиљоне од Италија, сценограф Александар Златовиќ, костимограф е Весна Радовиќ од Србија, хор мајстор Јасмина Ѓорѓеска-Серафимовска а кореограф е Олга Панго.
Насловната улога ја толкува Цветелина Василева од Бугарија, сопран, која настапувала на повеќе светски сцени, меѓу кои и на сцената на Метрополитен операта во Њу Јорк. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Учествуваат, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
