-->
-->
Премиер лига: Хал и Евертон одиграа без победник
-->

Првиот натпревар од 19.коло од Премиер лигата одигран вечерва меѓу Хал и Евертон заврши без победник 2:2. Последнопласираниот до ова коло Хал во два наврати водеше, но сепак не стигна до трите бодови.
Домашните поведоа во 6.минута преку Мајкл Довсон, а по грешката на голманот Давид Маршал (автогол) Евертон изедначи во 45+1 минута.
Со прекрасниот гол од слободен удар на Роберт Снодграс, Хал поведе во 65.минута со 2:1, а конечните 2:2 ги постави Рос Баркли во 84.минута.
Хал со освоениот бод е на 19.место со 13 бодови, а Евертон остана на 7.место со 27 бодови.
Утре се играат натпреварите: Барнли - Сандерленд, Челзи - Стоук, Лестер - Вест Хем, Манчестер Јунајтед - Мидлсброу, Саутемптон - ВБА, Свонси - Бурнемут и Ливерпул - Манчестер Сити.
Во недела се играат натпреварите:Вотфорд - Тотенхем и Арсенал - Кристал Палас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
-

Земјоделците во Прилепско ги пријавуваат штетите од невремето, најголеми на тутунот и пиперката
-

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства
-

ПСЖ повторно се спаси од пораз во Лига 1
-

Русија и Украина ги интензивираат меѓусебните напади
-

ДЗС: Отстранети гранати од минатите војни во атарот на село Мегленци во Новаци - предел што бил зафатен од пожар
-

Муцунски од Израел: Директна авиолинија Тел Авив–Скопје или Охрид, унапредување на соработката во туризмот
-

ЦУК: Пет пожари активни, еден под контрола
