Преглед на вестите од светот
Вечерва рускиот претседател, Владимир Путин, ќе допатува во Пекинг на средба со неговиот кинескиот колега Си Џинпинг. Во фокусот на разговорите Билатералните врски, трговијата, енергетската соработка и актуелните меѓународни прашања.
Од инвазијата на Украина во 2022 година, Русија се соочи со голем број санкции, кои во голема мера ја изолираа земјата од западниот свет. Како резулатат на тоа, дипломатските и економските врски помегу Пекинг и Москва се зајакнаа, со што Русија стана најбрзо растечки трговски партнер на Кина.
Дводневната посета на Путин на Кина е по покана на Си Џинпинг по повод 25 годишнината од потпишувањето на Договорот за добрососедство и соработка меѓу двете земји.
-Денес, односите меѓу Русија и Кина достигнаа навистина невидено ниво. Нивната посебна природа се рефлектира во атмосферата на меѓусебно разбирање и доверба, посветеност кон остварување на соработка од која сите имаат корист и еквивалент, водење почитувачки дијалог и меѓусебна поддршка за прашања што влијаат на основните интереси на двете земји, вклучително и заштитата на суверенитетот и државното единство, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Пред неколку дена Си Џинпинг беше домаќин на Доналд Трамп. Американскиот претседател го напушти Пекинг со порака дека Кина и САД сакаат да отворат нова страница на пријателство.
Доналд Трамп изјави дека му наложил на Пентагон да не го почнува воениот напад врз Иран, кој бил планиран за денеска, по барање на неколку сојузници во Заливот. Според неговите зборови, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати побарале да се почекаат два до три дена, за да се овоозможи продолжување на преговорите со Техеран.
-Го одложив за кратко време, се надевам можеби засекогаш, но можеби за кратко време, бидејќи имавме многу големи разговори со Иран и ќе видиме што ќе сведат. Нема да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. Па, ме повикаа овие три земји плус други, и тие работат директно со нашиот народ, и, во моментов, со Иран. И се чини дека има многу добри шанси да можат да решат нешто. Ако можеме да го направиме тоа без да ги бомбардираме до смрт, би бил многу среќен, изјави Донад Трамп, претседател на САД.
Командадот на највисоката воена оперативна команда на Иран, генерал марој Али Абдолахи, изајви дека секој нов чин на агресија од страна на Соединеите Дражави и нивните сојузници ќе биде пресретната од огромната воена сила на Ирај, која ке ја отсече раката на агресијата.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
