Loading Video...
Свет
18. March 2026 - 12:25

Преглед на вестите од светот

Војната меѓу САД и Израел против Иран е сега во третата недела, а воените дејствија продолжуваат. Иранскиот шеф за безбедност, Али Лариџани, е убиен, потврдија иранските медиуми во вторник. Тој беше беше една од најмоќните личности во Исламската Република, архитект на нејзината безбедносна политика и близок советник на ајатолахот Али Хамнеи сè до смртта на врховниот лидер во воздушен напад минатиот месец. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, претходно во вторник изјави дека е убиен во израелски напад. Потврдена е смрт и на уште еден командант на доброволните сили Басиџ, во американско-израелски напад. 

Иран го нападна Тел Авив како одмазда за атентатот на Лариџани, објави иранската државна телевизија во денеска, а две лица беа убиени во Рамат Ган, во близина на Тел Авив, по ракетен напад, соопштија израелските власти рано утрово. Тие беа убиени од повреди од шрапнели од иранска ракета која беше пресретната пред да слета, соопшти националната служба за брза помош. Со ова, бројот на убиени лица во Израел во војната се искачи на најмалку 14. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ги напаѓа „терористичките оперативци“ во Иран. со најмалку 2.000 убиени луѓе и без крај на повидок. 

Нападите со ракети и беспилотни летала врз амбасадата на САД и дипломатскиот објект во Ирак продолжија и во текот на оваа ноќ соопштија безбедносни извори. Нема непосредни извештаи за жртви или штети.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го одложува патувањето за Пекинг и средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, бидејќи војната со Иран ја нарушува надворешната политика на САД и ги одложува напорите за ублажување на тензиите меѓу двете најголеми економии во светот. Патувањето беше закажано од 31 март до 2 април и сега планирано е да се одржи за околу пет или шест недели. Одложената посета ја зголемува неизвесноста за пазарите и дипломатијата.

Зборувајќи во Овалната соба Трамп пред новинарите истакна дека САД сè уште не се подготвени да ја напуштат воената операција во Иран.

„Но, сè уште не сме подготвени да заминеме. Но, ние... ќе заминеме во блиска иднина. Ќе заминеме во речиси многу блиска иднина. Но, во моментов, тие се десеткувани од секоја гледна точка. И повторно, имавме голема поддршка од земјите на Блискиот Исток - одлична поддршка. Но, немавме никаква поддршка од - во суштина, никаква поддршка од НАТО.“

Неколку сојузници на САД во понеделник изјавија дека немаат непосредни планови да испратат бродови за да помогнат во деблокирањето на теснецот, ефикасно отфрлајќи го барањето на Трамп за воена поддршка.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во текот на вчерашниот ден се сретна со британскиот премиер Кир Стармер и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на Даунинг стрит во Лондон. Стармер и Зеленски се согласија за ново воено-индустриско партнерство со цел зголемување на снабдувањето со беспилотни летала и обезбедување ефикасна употреба на вештачката интелигенција на бојното поле.