Loading Video...
Свет
17. February 2026 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Делегации од високи дипломати од САД и Иран во Женева оддржаа нова рунда преговори со посредство на Оман, цел изнаоѓање решение за иранската никеларна програма. Двете страни разменија ноти за нуклеарни прашања преку посредниците, со учество на експерти за нуклеарни, правни и економски прашања, објави министестесртвото за надворешни работи на Оман.

Разговорите траеле 4 часа а се одржаа во конзулатот на Оман во Женева. Западните држави со години го обвинуваат Иран дека развива нуклеарно оружје, Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма е чисто цивилна. Пред стартот на преговорите, Трамп го предупреди Иран за последиците од непостигнување договор додека Пентагон продолжува со значително зголемување на воздухопловните и поморските сили на Блискиот Исток.

-Иран е многу тежок преговарач. Тие се добри преговарачи или лоши преговарачи - би рекол дека се лоши преговарачи затоа што можевме да постигнеме договор наместо да ги испратиме Б-2 за да го уништиме нивниот нуклеарен потенцијал. Моравме да ги испратиме Б-2. Се надевам, се надевам дека ќе бидат поразумни. Тие сакаат да постигнат договор. Не мислам дека ги сакаат последиците од непостигнувањето договор, изјави  Доналд ТРамп, претседател на САД.

Обраќајки се пред топлпа поддржувачи во Техеран, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ги отфли заканите на Трамп за воена акција.

-Претседателот на САД постојано го повторува ова, американската армија е најсилната армија во светот; најсилната армија во светот понекогаш може да биде толку силно удрена што не може да се исправи.“ Тие велат „испративме брод во Иран“. Секако, воениот брод е опасен брод, но уште поопасно е оружјето што може да го испрати на дното на морето.“

Техеран  ја демонстрира својата подготвеност преку поморските вежби во Ормутскиот теснец, каде Иранската револуционерна гарда од вчера тестира ракети способни да потопат американски воени бродови.

Мировните преговори меѓу Русија, Украина и САД во Женева, денеска и утре ке се фокусираат првнествено на територијални прашања објави Кремљ. Преговорите се водат зад затворени врати.

-Не мислам дека треба да очекуваме никакви вести денес, бидејќи, како што знаете, разговорите се закажани да продолжат утре. Нема планови за давање изјави. Секако, сè ќе се одржи зад затворени врати, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Украинскиот претседател изјави дека Русија продолжува со нападите врз енергетската инфраструктура за да изнуди територијални отстапки.

-Русија не може да одолее на искушението на последните денови од зимскиот студ и сака болно да ги погоди Украинците. Колку повеќе зло доаѓа од Русија, толку потешко ќе биде да се постигнат какви било договори со нив. Партнерите мора да го разберат ова. Прво и најважно, ова ги засега Соединетите Американски Држави, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.