Македонија
17. February 2019 - 10:31

Прегазена млада велосипедистка во Аеродром

Вчера во 09,00 часот во Скопје на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и булевар „Кузман Јосифовски Питу“, З.К.(52) управувајќи патничко моторно возило „Рено клио“ со скопски регистарски ознаки удрил во  велосипедист Е.Д.(25) од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобила Е.Д. која е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.