Предмети оформени по иницијативи на Министерството за правда на седница на Уставен суд
Уставниот суд во текот на месец јули годинава оформи десет нови предмети по поднесени иницијативи од Министерството за правда, со потпис на министерот Кренар Лога. Два од овие предмети ќе бидат ставени на дневен ред за дискусија на денешната седница Уставниот суд.
Станува збор за предметот во врска со оспореното Упатството за изменување и дополнување на Упатството за спроведување на одлуката за методологија за управување со ликвидносниот ризик, поднесено од Гувенер на Народна банка на РСМ, како и за оспорениот Правилникот за содржината на студиските програми, донесен од Национален совет за виско образование и научно истражувачка дејност.
Сите иницијативи, како што информираат од Уставниот суд, содржат исти наводи, односно во сите иницијативи се оспорува рокот на објавувањето на актите во Службен весник, како спротивен на Уставот.
-Во иницијативите подносителот наведува дека оспорените акти се неуставни бидејќи со нив е повреден членот 52 од Уставот, кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување“, велат од Уставен суд.
Во иницијативите, како што посочуваат од Судот, оспорен е Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството, донесен од Министерство за економија.
Исто така оспорени се и Правилникот за висината на трошоците во постапката за издавање на дозволи за користење на простор, дозвола за ограничено користење на ГМО класа 2, 3 и 4, донесен од Министерство за животна средина, Правилникот за формата и содржината на прекршочниот платен налог, донесен од Министерство за животна средина, Упатството за доставување податоци и информации за платежната статистика, донесено од Народна банка на РСМ, како и Решението за изменување и дополнување на Решението за цените на обрасците што ги издава МВР, донесено од Министерство за внатрешни работи.
Во иницијативите оспорени се и Правилникот за формата и содржината на Барањето за остварување на ослободувањето од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на мотрони возила за патнички автомобили и потребната документација која треба да се достави кон барањето, донесен од Владата на Република Северна Македонија, Правилникот за изменување на Правилникот за содржината и начинот на подготовка на актите за внатрешна организација и ситематизација на работните места, како и содржината на функционалната анализа на институциите на јавниот сектор, донесен од Министерство за информатичко општество и администрација, како и Правилникот за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директните плаќања во случај на несообразност, донесен од Владата на РСМ.
Ново на Сител
-

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
-

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
