Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба да се спроведе истражна постапка против скопјанец осомничен дека сторил кривично дело силување дете кое не наполнило 15 години, како и злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина.
Како што соопшти државното Јавно обвинителство, сомничениот 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него.
-Детето жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во Гостиварско каде што извршил обљуба, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку осум години. Месецов повторно се обидел да ја уцени за да се сретнат, но девојчето одбило, по што тој ги објавил на една социјална мрежа експлицитните фотографии и видеа кои ги поседувал. Со ова ги направил достапни и на други лица, со што го исполнил битието и на второто кривично дело кое беше воведено во февруари годинава и за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години, соопшти Обвинителството.
Имајќи ги предвид високите запретени казни за овие кривични дела, јавниот обвинител оценил дека постои висок ризик осомничниот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.
-Исто така, постои опасност да влијае врз детето жртва, но и да го повтори делото. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, додава ЈОРСМ во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
