“Предизвик за млади истражувачи” со инфо сесија во Тетово

Две тетовски училишта кои лани биле наградени од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е поттикот сите образовни установи од Тетовско да покажат интерес за годинешниот “Предизвик за млади истражувачи”. На денешата инфо сесија и презентација голем број наставници дојдоа да се информираат за можноста за добивање грант.
-Целта е да ги поттикнеме учениците заедно со наставниците и менторите, на креативно размислување и успешно реализирање во однос на наставни програми на тоа што го учат. Освен предизвикот за млади истражувачи, во ФИТР имаме и Фонд за млади умови, изјави Неда Икономова Гаврилоска од ФИТР.
На изминатите два повика наградени се 54 училишта од целата држава и опфатени 500 ученици. Во Тетово тоа се средното стручно Моша Пијаде и основното училиште Лирија.
-Ги поттикнуваме учениците да се пријават и се надеваме на голем број апликации. Поттикнувањето на креативноста е во рамки со нашите образовни политики за покреативен образовен процес, изјави Ахмед Ќазими, од општинскиот сектор за јавни дејности.
Ова е трет повик на Фондот,од каде износот за награди на училиштата изнесува 6 милиони денари.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
