Македонија
4. February 2020 - 12:50

“Предизвик за млади истражувачи” со инфо сесија во Тетово

Две тетовски училишта кои лани биле наградени од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е поттикот сите образовни установи од Тетовско да покажат интерес за годинешниот “Предизвик за млади истражувачи”. На денешата инфо сесија и презентација голем број наставници дојдоа да се информираат за можноста за добивање грант.

-Целта е да ги поттикнеме учениците заедно со наставниците и менторите, на креативно размислување и успешно реализирање во однос на наставни програми на тоа што го учат. Освен предизвикот за млади истражувачи, во ФИТР имаме и Фонд за млади умови, изјави Неда Икономова Гаврилоска од ФИТР.

На изминатите два повика наградени се 54 училишта од целата држава и опфатени 500 ученици. Во Тетово тоа се средното стручно Моша Пијаде и основното училиште Лирија.

-Ги поттикнуваме учениците да се пријават  и се надеваме на голем број апликации. Поттикнувањето на креативноста е во рамки со нашите образовни политики за покреативен образовен процес, изјави Ахмед Ќазими, од општинскиот сектор за јавни дејности.

Ова е трет повик на Фондот,од каде износот за награди на училиштата изнесува 6 милиони денари.