Предавање за шведската писателка Селма Лагерлеф

Предавање посветено на шведската книжевност насловено „Шведската писателка Селма Лагерлеф: многу повеќе од само раскажувач“ организира денеска Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје во рамки на манифестацијата „Денови на светската книжевност“.
Предавањето ќе го одржи Лена Кореланд, почесен професор по компаративна книжевност и ќе биде на англиски јазик.
Селма Лагерлеф е една од најзначајните шведски авторки и прва жена добитничка на Нобеловата награда за литература.
Професорката Лена Кореланд, која е член на жирито за меѓународната награда „Астрид Линдгрен“, е дојдена во Македонија на покана на Амбасадата на Кралството Шведска со чија соработка се организира предавањето.
На настанот ќе можат да се разгледаат и купат книгите од шведските автори преведени на македонски јазик, објавени во рамки на капиталните издавачки проекти „Ѕвезди на светската книжевност“ и „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература“, меѓу кои освен Селма Лагерлеф се и Аугуст Стриндберг, Хари Мартинсон, Гунар Екелоф, Томас Транстромер и други.
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
