Македонија
6. January 2026 - 16:32

Православните христијани го празнуваат Бадник

Православните христијани го одбележуваат Бадник, денот пред радосната вест  за христовото раѓање Божиќ. Со свечена божествена литургија и пораки за мир и благосостојба поглаварот на МПЦ, Г.Г Стефан, го започна чествувањето на еден од најголемите празници.

Да бидеме живи и здрави, а годината среќна и бериќетна посакаа верниците кои го посетија Соборниот храм. Домаќинките пак ги прават последните подготовки за бадниковата посна трпеза.

По осветувањето на гранчињата, подигањето на Бадникарското знаме и исполнувањето на Бадниковата химна, градоначалникот на Скопје, Ѓорѓиевски официјално го предаде кумството на новиот кум на Бадник Зоран Кондратенко, и на здравичарот, музичарот Јаков Дренковски.

Со благослов од свештениците граѓаните во своите домови понесоа од осветените бадникови гранчиња симбол на среќата, љубовта и светлината.