Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат од Антикорупциска мислење за член од Изборниот законик

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска до Државната комисија за спречување на корупција поднесоа барање за мислење по однос на примената на член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик.
- Собраниската седница на која се расправа за разрешувањето на Јавниот обвинител започната на 5 јули 2017 година е се уште во тек, тоа е во спротивност со член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик според кој од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори за градоначалник или членови на советот, односно до конституирање на советот на општините и градот Скопје, не може да се започне со постапка за вработување нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и јавни институиции, а воедно започнатите постапки се ставаат во мирување освен во случај на итни и неодложни работи, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците од опозициската партија во известувањето посочуваат дека очекуваат Антикорупциската комисија во најбрзо време да се произнесе за нивното барање.
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
