Пратенички прашања

Собранието на Република Македонија денеска ја одржува 84. седница на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.
Според утврдениот редослед правото да постави прашање прв на седницата го имаше пратеникот од СДСМ Петре Шилегов кој наместо да упати прашање говорницата ја искористи да изнесе своја ретроспектива за политиката на премиерот во годината што изминува.
И пратеникот од редовите на ДПА Ернат Фејзулаху наместо прашање упати забелешка кон ДУИ за отуството на нивните пратеници од денешната собрансика седницаа, а потоа и серија критики за работата на министрите и функционерите од оваа партија
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски упати прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за случајот со фалсификуваните лични карти и патни исправи, како и за неодамнешните смени на началници во Министерството.
Спасовски за првото го повтори својот став дека нема потреба од брзање во истрага, туку дека е потребно таа квалитетно да се спроведе.
- Тоа што е пронајдено од ЈО е покрената истрага. Сите пронајдени работи се во полицијата, односно во Обвинителството и се на вештачење, а ќе следи и соодветна информација, рече Спасовски и додаде дека немало никаков молк од негова страна во однос на тоа прашање, туку направил се во МВР таа да добие на динамика.
Во врска со промените на началници во МВР и, како што рече Димовски, нерегуларно поставување лица на раководни функции, со прескокнување од четири до шест позиции, министерот Спасовски изјави дека сите смени се со причина поради констатирани пропусти во работата.
Седницата со пратенички прашања ќе продолжи по редовната пауза. Ова е последна седница на Собранието на Република Македонија во 2015 година.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
