Џет-Сет
25. August 2016 - 14:03

Познатиот пејач чии хитови ги пееме се жени по 3 пат

Борис Новковиќ стапна на лудиот камен, тој во моментов ситно ги брои последните ергенски денови во Задар со неговата идна сопруга.

За нивната свадба речиси и се е подготвено, таа ќе се одржи во хрватското летувалиште Ровињ.

На идните младенци омилена дестинација ова лето им бил Задар,каде е родена Инес, а претходно кратко престојувале во Фиренца.

Борис и Инес се запознале сосема случајно, откако тој се заинтересирал за кампањата „Говорот на омразата е сериозна работа“, што таа ја иницираше. Тие почнале да се допишуваат на социјалните мрежи, а наскоро се родила и љубовта која сега ќе ја крунисаат.