Познати сите учесници во главната фаза од фудбалската Лига на шампиони

Со одигрувањето на финалните реванш натпревари од 4. квалификациско коло во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници во главната фаза на турнирот.
Дваесет и пет екипи добија автоматски влез врз основа на пласманот во националните првенства. Исто така, билети добија победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа од минатата сезона, победниците од квалификациската рунда, а уште две позиции поради остварени резултати во европските купови на италијанските и германските екипи, добија Болоња и Борусија Дортмунd.
Во главната рунда од Лигата на шампионите ќе играат следните екипи: Арсенал, Астон Вила, Ливерпул, Манчестер сити (Англија), Атлетико Мадрид, Барселона, Жирона, Реал Мадрид (Шпанија), Баерн, Баер, Борусија, Лајпциг, Штутгарт (Германија), Аталанта, Болоња, Интер, Милан, Јувентус (Италија), Брест, Монако, Пари Сен Жермен, Лил (Франција), ПСВ, Феенорд (Холандија), Бенфика, Спортинг (Португалија), Бриж (Белгија), Селтик (Шкотска), Салцбург, Штурм (Австрија), Шахтјор (Украина), Спарта (Чешка), Јанг Бојс (Швајцарија), Динамо Загреб (Хрватска), Слован ( Словачка), Црвена ѕвезда (Србија).
Ждрепката ќе се одржи денес (18 часот) во Монако. Од сезоната 2024/25 Лигата на шампионите ќе има нов формат – швајцарски систем.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активни три пожари на отворено - гори депонија во Арачиново и ниска вегетација во Грчец
-

МВР: Лишени 20 возачи од слобода, 16 возеле без возачка дозвола
-

Трамп: Повторно ќе го „удриме Иран многу силно“ ако не го запре Хезболах
-

Приведени четири лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Бојан Илиевски е победник на големото музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“
-

Приведени уште четири лица осомничени за проневерата во ФФМ
-

Пезешкијан: Писмено ќе потврдиме дека нема да правиме атомска бомба, но не се откажуваме од збогатување ураниум
-

15-годишно девојче пробало да се самоубие бидејќи не можело да ги издржи заканите и агресивното однесување од таткото
