-->
-->
Познат распоредот за Купот на Македонија
-->

Со жрепката која беше извршена денеска во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија, одредени се двојките за четвртфиналето во „Лимак Купот на Македонија 2017“.
Бранителот на титулата МЗТ Скопје за противник во четвртфиналето го доби гевгелиски Кожув.
Условно "домаќинот" на завршниот турнир, Фени Индустри за место во полуфиналето ќе се бори со АВ Охрид.
Најтрофејниот македонски клуб Работнички ќе игра против Куманово, додека во последниот четвртфинален меч ќе играат Карпош Соколи и Вардар.
Покрај дуелите во машка ќе се играат и натпреварите во женска конкуренција, а завршницата на „Лимак Купот на Македонија 2017“, ќе се одржи од 17 до 19 февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители
-

Почнува Страдалната – Страсната – Велика седмица
-

Свечена академија за 75 години постоење на Државниот архив
-

Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот
-

Иран не ја отвора Ормуската Теснина без надомест за бродарина
-

Сончево и топло до 25 степени
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
