-->
-->
Позитивни на Ковид-19 здравствен и просветен работник од Кавадарци
-->

Здравствен и просветен работник се меѓу новозаболените во Кавадарци, а две лица починаа со коронавирус. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.
Починатите лица со Ковид-19 од Кавадарци се на возраст од 65 и 68 години, појасни Јовановски.
Тој додаде дека изминатите 24 часа евидентирани се нови 52 случаи позитивни на коронавирус во Тиквешко. Најмладиот има 16 години, а најстариот е на 81-годишна возраст.
Од Кавадарци се 38 случаи, од Росоман пет, од Неготино седум и од Демир Капија два.
Јовановски додаде дека се работи на утврдување на контактите на новозаболените, со цел нивна изолација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
