Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола и нема опасност по населени места ниту по околните викендици, објавија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според изјавата на градоначалникот Костадин Костадинов, пренесена преку ЦУК, несовесни граѓани со палење на стрништа го предизвикале големиот пожар.
-Нашите пожарникари од Струмица со поддршка од пожарникари од Радовиш, Валандово и Гевгелија, за што сум им крајно благодарен, успееја за многу брзо време да го неутрализираат, односно да го локализираме без притоа да имаме изгорени куќи или не дај Боже човечки жртви. Јас само уште еднаш апелирам на свест и совест кај граѓаните дека со огнот нема играчка и дека треба да бидеме одговорни граѓани за да не ни се случуваат такви катастрофи, изјави Костадинов.
Додаде дека горат само уште на две точки кои природно ќе изгаснат, а и пожарникари ќе останат да дежураат во текот на ноќта.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот избувнал околу 14 часот денеска во месноста Софилар, во непосредна близина на градот.
-Ветрот си го направи своето и пожарот бргу се прошири. Извршивме мобилизација на целата против пожарна единица во Струмица и побаравме помош од пожарникарите од Радовиш, Валандово и Гевгелија и им благодариме за нивната помош. Остануваме на терен бидејќи има уште еден крак на горење. Имаме една екипа кај село Баница, која го штити селото. Пожарот е целосно локализиран и за кратко време ќе го ликвидираме, изјави Гудев.
Ново на Сител
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
-

Татко го пронашол починато своето бебе во семејниот дом
-

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори
