Пожарот над Радовиш ставен под контрола
Пожарот над Радовиш е ставен под контрола, изјави вчеравечер градоначалникот на градот Ацо Ристов. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов соопшти дека локалните пожарникари ќе дежураат во текот на целата ноќ и нема да дозволат тој да се прошири.
-Пожарот во Радовиш е ставен под контрола. Граѓаните да бидат мирни и безбедни. Во текот на ноќта ќе дежураме и мислиме дека до сабајле ќе биде локализиран. Беше напорно, беше серизно, но со помош на сите луѓе вклучени во акцијата мислиме дека луѓето треба мирно и безбедни да си ја поминат ноќта, изјави градоначалникот на Радовиш Ристов.
Ристов и Ангелов се заедно на терен во радовишко.
Во изјавата за медиумите Ангелов кажа дека на асфалтираниот пат се распоредени локалните пожарникари кои нема да му дозволат на пожарот да го премине асфалтираниот пат.
-Условно кажано, пожарот е заокружен од сите страни. Горната страна од кај планината веќе имаме изгорен појас, така што ние сме големи оптимисти дека до утре претпладне пожарот ќе биде ставен под целосна контрола, рече Ангелов.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
