Пожар во руски регион по украински напад со дронови

Остатоците од уништувањето на украинските беспилотни летала при уривање на земја предизвикаа пожар во индустриско претпријатие во руската област Рјазан, изјави денеска гувернерот на регионот југоисточно од Москва.
„Според првичните информации, нема повредени, се проценува материјалната штета“, рече гувернерот Павел Малков во објавата на апликацијата за пораки Телеграм.
Малков не кажа која фирма гори. База, информативен Телеграм канал близок до руските безбедносни служби, објави дека украинските беспилотни летала гаѓале рафинерија за нафта во Рјазан во сопственост на Роснефт.
Руските сили рано утринава го бомбардираа градот Харков, на третата годишнина од почетокот на војната во Украина, оштетувајќи компанија во предградието на градот, изјави градоначалникот Игор Терехов. Тој додаде дека нема повредени, а во тек е проценка на штетата.
Во Киев, како и во регионите Житомир, Суми и Харков е прогласена тревога поради напад на руски дрон, а засега нема информации за повредени или материјална штета.
Денеска се одбележува и третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, а се очекува да продолжат руско-американските преговори за ставање крај на војната.
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
