-->
-->
Пожар во Калифорнија, евакуирани 2.000 луѓе
-->

Пожарот во северниот дел на Калифорнија, во близина на границата со Орегон, принуди 2.000 жители да се евакуираат, соопштија денеска претставници на локалните власти.
Пожарот, кој избувна во петокот, изгоре голем број куќи и критична инфраструктура. Во најголемиот пожар во Калифорнија оваа година, во округот Сискију изгореа од 30.000 до 40.000 хектари шума и вегетација.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба, што му овозможува поголема флексибилност во донесувањето одлуки за одговор во итни случаи и пристап до федералната помош, но исто така ја отвора можноста за пожарникарите од другите делови на САД да помогнат во борбата против пожарите, соопшти кабинетот на гувернерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
-

Тошковски: Превенцијата на насилството кај младите бара брза реакција, силна координација и активно учество на младите
