Пожар на падините на Петрино над Охрид

Шумски пожар попладнево избувна на падините на планината Петрино, над населбата Бејбунар во непосредна близина на градот Охрид, при што со пламен се зафатени околу два хектари површини со ниска вегетација и смреки.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Охрид, пожарот избувнал во 13:45 часот, а како причина се наведуваат две можности – или човечки фактор или дефект на далноводната мрежа од трафостаницата што се наоѓа во непосредна близина, на што укажува и податокот што попладнево се регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на делови на градот.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани речиси сите човечки и технички ресурси на Противпожарната единица од Охрид, како и на Националниот парк „Галичица“.
На ширењето на пожарот му погодуваат и временските прилики, односно високите температури и засилениот ветар што попладнево почна на дува во Охрид.
Ново на Сител
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
-

Муцунски: Услови за уставни измени нема
-

Берсе од Скопје: Наскоро решение за пресудите на ЕСЧП против Бугарија
-

Одбележан 7 мај – Денот на македонската полиција
-

10 претстави во официјална конкуренција на 60-от МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Ново Село ќе добие модерен пазар вреден над 8 милиони денари
-

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци
