Пожар на падините на Петрино над Охрид

Шумски пожар попладнево избувна на падините на планината Петрино, над населбата Бејбунар во непосредна близина на градот Охрид, при што со пламен се зафатени околу два хектари површини со ниска вегетација и смреки.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Охрид, пожарот избувнал во 13:45 часот, а како причина се наведуваат две можности – или човечки фактор или дефект на далноводната мрежа од трафостаницата што се наоѓа во непосредна близина, на што укажува и податокот што попладнево се регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на делови на градот.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани речиси сите човечки и технички ресурси на Противпожарната единица од Охрид, како и на Националниот парк „Галичица“.
На ширењето на пожарот му погодуваат и временските прилики, односно високите температури и засилениот ветар што попладнево почна на дува во Охрид.
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
