-->
-->
Повредени две лица откако автомобил излета од патот кај Кочани
-->

На 06.10.2023 во 18.40 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека на регионалниот пат Р-1 309 Кочани - Зрновци патничко моторно возило ,,голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Д.(42) од Кочани, излетало од коловозот, соопшти МВР.
По несреќата, возачот и неговите двајца малолетни сопатници од Кочани биле пренесени во Општата болница Кочани, каде од лекар на возачот и едниот малолетник им биле констатирани телесни повреди, а на другиот малолетник му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
