Повисоки продажните цени на производителите на индустриски производи
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во август годинава се повисоки за 1,1 отсто на месечно ниво, а за 4,0 проценти на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јули 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,2 отсто, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,4 отсто.
Во споредба со минатогодишниот август, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4,2 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,2, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 5,1 отсто.
Продажните цени, пак, на производителите на индустриски производи на странските пазари во август годинава се повисоки за 1,6 отсто на месечно ниво, а за 5,6 проценти на годишно ниво.
Во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 1,7 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,9 отсто.
Во споредба со август лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 8,2 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 7,0 проценти.
Ново на Сител
-

ЕУ планира забрана за социјални мрежи, четботови и онлајн-игри за деца под 15 години
-

Нема активни пожари, а еден е под контрола - кај село Белица и Јасен
-

Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември
-

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер
-

Јанша по средбата со Руте: Словенија ќе ја исполни обврската од два отсто за одбрана
-

Кипарската полиција откри 260 килограми кетамин во магацин во пристаништето Лимасол
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија изминатите 35 години беа сопатници низ времето
-

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

