Повеќе од 2.400 осигуреници го остваруваат правото на бањско лекување

Фондот за здравствено осигурување на Македонија се грижи максимално сите граѓани што ќе добијат решенија за бањски третмани да го остварат своето право за што се издвојуваат значајни суми средства од нашиот буџет, изјави денеска директорот Сашо Стефаноски на средба со осигурениците од општина Гевгелија.
- Повеќе од 2.400 луѓе на годишно ниво го остваруваат правото за специјализирана медицинска рехабилитација, односно користат бањски третмани преку ФЗОМ од кои добар дел од нив и во Негорските бањи, информираше тој.
Стефаноски нагласи дека ФЗОМ посебно внимание посветува на достапноста на лековите за граѓаните за што најдобра потврда претставува денешното отворање на аптекарската станица „Биохем“ во селото Негорци, која со лекови ќе згрижува 2.000 жители од ова населено место во општина Гевгелија.
- Се трудиме да ги зголемиме и финансиските средства за набавка на лекови кои годинава се на историско ниво од 2,5 милијарди денари за лековите од позитивната листа, рече Стефаноски, кој на осигурениците од Гевгелија им вети дека ФЗОМ ќе продолжи со напорите за подобрување и зголемување на достапноста на здравствената заштита за граѓаните.
Директорите на ФЗОМ Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани во рамките на денешната работна посета на подрачната служба во Гевгелија ја посетија бањата Негорски Бањи.
Во тек на 2014 година, специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување со решение од Фондот во бањите во Република Македонија своето право на бањско лекување го искористиле повеќе од 2.400 осигуреници, а во првата половина од 2015 година ова право го искористиле околу 1.300 осигуреници
Подрачната служба на ФЗОМ во Гевгелија опслужува над 30.856 активни осигуреници кои ги користат услугите на Фондот, а живеат во Гевгелија и во непосредната околина, вклучувајќи ги и селата кои ги опфаќа овој реон. За 2015 година Фондот издвои 41 милион и осумсто илјади денари за Здравствен дом – Гевгелија, 88 милиони и триста илјади денари за Општа болница – Гевгелија и 51 милион денари за Психијатриска болница – Негорци.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
