Поведена постапка против српски државјанин, учесник во тешка сообраќајка кај Ростуше

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице, државјанин на Република Србија поради сомненија дека сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Осомничениот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на 13 април управувал со товарно возило – влекач „МАН“ со полуприколка со српски регистарски ознаки на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар. Во близина на Ростушки мост не ја прилагодил брзината на условите на патот, па на влажиот коловоз изгубил контрола врз камионот и се извртел. Притоа, полуприколката преминала на спротивната сообраќајна лента и удрила во патничко моторно возило „Хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело во спротивен правец.
– Во несреќата, на место животот го загубил возачот на патничкиот автомобил, додека еден од сопатниците им подлегнал на повредите во болница. Останатите двајца сопатници во автомобилот исто така се здобиле со тешки телесни повреди, се вели во соопштението.
Со цел да се спречи осомничениот да ја напушти државата, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за негово обезбедување во текот на кривичната постапка.
Ново на Сител
-

Македонски автобус излета од автопат во Србија | ВИДЕО
-

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ
-

Дончиќ и Џејмс ги предводеа Лејкерс до победа над Мемфис
-

Музеј на лоши подароци отворен во Канада: Лошото за еден-вредно за друг
-

Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет
-

На ГП Меџитлија во прекин сообраќајот за товарни возила
-

Ѓоковиќ го напушти Професионалниот сојуз на тенисери
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „многу силно погоден“ ако бидат убиени уште демонстранти
