Поведена истрага против 47 годишник од тетовско, пронајден кокаин и муниција
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен жител на тетовско Слатино кој е осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и Недозволено изработување, држење, посредување или тргување со оружје или распрскувачки материи.
При претрес во домот на осомничениот на 18 ноември, полициските службеници пронашле околу 30 грама кокаин, три дигитални ваги и други предмети со остатоци од наркотична дрога и рамка за пиштол со 8 куршуми со калибар 7,62 милиметри.
Според Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или вештаци и да го повтори делото, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-

Загина 65-годишен возач на мопед по судир со автомобил
-

Засилени контроли за електрични тротинети, во август констатирани 606 прекршоци, одземени 18
-

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар
-

НАТО забележува пораст на руските хибридни напади
-

Сослушани сведоци на обвинителството и одбраната во случајот против судијата Ѓоко Ристов
-

Преку забрзување на реформите и координација меѓу владите, парламентите и политичките чинители до поскоро членство во ЕУ
-

45 дена затвор за скопјанка која со „Мерцедес“ двапати прегази куче во Улцињ
-

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ со низа настани го одбележува Светскиот ден на сепсата
