Потврда на врската меѓу пушењето и ракот на дојка

Наодите на јапонските научници укажуваат на поголем ризик за смртност кај пациенти со рак на дојка кои пушат, објави научното списание „Cancer Science“.
Следејќи 848 жени со рак на дојка, научниците од болницата во префектурата Мијаги пресметале дека пациентките кои пушече најмалку 20 години имале просечно тројно поголем ризик за смртност.
Вооченото зголемување на ризикот за смрт се однесувало и на ракот на дојка и на останатите причини.
Пушењето исто така било поврзано и со заболување од рак на дојка на помлада возраст.
Ракот на дојка е најчестиот облик на карцином кај жените, и се проценува како од оваа болест заболуваат една од девет жени во светот.
На возраст од 30 години од рак на дојка заболуваат една од 227 жени, а на возраст од 70 години заболуваат една од 26 жени.
Дебелината, телесната неактивност, конзумирањето алкохол и раниот почеток на пубертет се фактори кои дополнително го зголемуваат ризикот од заболување од рак на дојка.
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
