Потресна глетка: Што остана од возилото со кое загина пратеничката

Поранешната пратеничка во парламентот на Војводина и мајка на настраданата Ивана Бакиќ Бодрожиќ, Нада Бодрожиќ (540 загина кај Ченеј, на патот Нови Сад - Сириг.
Тешката сообраќајна несреќа се случи синоќа кога Нада, која била зад воланот на пежо 307 со новосадски регистрации, слетала од коловозот во одводниот канал покрај патот.
Возилото во кое било телото на настраданата Нада е пронајдено рано утрово околу 6.30 часот.
Имено, Нада вчера, како и секоја недела одела на гробот на ќерката во Сириг по што била кај пријатели на ручек, а потоа вечерта тргнала за Нови Сад кон дома. Поранешната пратеничка загинала на самото место, а итната помош само констатирала смрт.
Бодрожиќ беше пратеничка на Демократската странка во минатиот состав на парламентот на Војводина, но и мајка на трагично настраданата Ивана Бакиќ Бодрожиќ, која во 2014 година е пронајдена мртва во хотелот „Хајат“ во Белград под неразјаснети околности.
Ново на Сител
-

Амбасадорот Сулстром неделава ќе ги посети поголемите градови низ Македонија
-

Зеленски зацрта три основни приоритети пред денешниот самит на Европската политичка заедница во Ереван
-

СЗО: Тројца починати во сомнителна епидемија на хантавирус на крузер
-

Трамп: САД ќе им помогнат на бродовите заглавени од блокадата на Ормуз
-

Седници на три собраниски комисии
-

Со исказ не вешто лице од Судска медицина продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Студено утро, сончев ден со температури до 25 степени
-

Товарен брод нападнат во Ормуската Теснина



