Пoтпишан Меморандум за соработка за младинско информирање

Меморандум за соработка потпишаа денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, извршниот директор на коалиција „Сега“, Зоран Илиевски, раководителот на Центарот за односи со јавноста при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Влатко Mиленкоски, проректорот за финансии на Универзитет „Св.Климент Охридски"- Битола, проф. д-р Светлана Николовска и основачот на Млади Инфо интернационал, Антоанета Иванова.
Иницијативата за потпишување на Меморандумот, соопштија од Агенцијата, произлезе од делот на исполнување на преземените обврски од Акцискиот план за имплементација на Националната стратегија за млади.
Целта на Меморандумот, како што се наведува, е достапноста и транспарентноста на информациите од интерес на младите за остварување на нивните потреби, како и вмрежување на институциите и организациите чија основна активност е информирање на младите.
Од Агенцијата информираат дека дел од меморандумот е и спроведување кампања за младинско информирање која ќе има за цел подобрување на Младинското информирање во Република Македонија.
Активностите од кампањата вклучуваат секојдневна комуникација со вклучените младински организации од цела Македонија, давање инструкции за online делот на кампањата, дизајнирање и печатење промотивен материјал за кампањата, контакт со медиумите за покриеност на настаните со млади, објавување конкурс за креирање мобилна апликација и објавување конкурс за изработка на анимирано видео за промоција на мобилната апликација.
Агенцијата за млади и спорт ќе обезбеди парични награди во вредност од 30.000 денари за мобилната апликација и 18.000 денари за анимираното видео. Останатите потписници на Меморандумот ќе се вклучат во активностите преку редовно информирање, отстапување медиумски простор за кампањата за младинско информирање, како и размена на информации кои се во интерес на младите, стои во соопштението од Агенцијата за млади и спорт.
Ново на Сител
-

Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена
-

„Вашингтон пост“: Кенеди-центарот пред банкрот, можно е да биде затворен уште утре
-

Одложени разговорите меѓу Иран и заливските држави за Ормуз
-

ЦДУ на Мерц победи на локалните избори во Долна Саксонија, АфД со голем раст
-

Кејн го постигна својот 150. гол за Баерн
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт
-

ЕП од денеска до четврток на пленарна седница, Урсула фон дер Лајен ќе го одржи своето годишно обраќање за состојбата на ЕУ
