Потпишан Меморандум за реконструкција и конзервација на Еврејските гробишта во Битола

Израелскиот амбасадор Дан Ориан и градоначалникот Владимир Талески, вечерва во Битола потпишаа Меморандум за реконструкција, заштита и конзервација на Еврејските гробишта во овој град.
Оваа активност е една од повеќето што општина Битола ги приредува и организира во соработка со израелската амбасада, а по повод 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и државата Израел, беше нагласено на вечерашната манифестација што се одржа во НУ Завод и Музеј-Битола.
-Со потишувањето на меморандумот, Еврејските гробишта во Битола ќе бидат оттргнати од процесот на т.н. ерозија на времето, ќе се конзервираат и ќе се преземат мерки и активности за подигнување на свеста за значењето на овој објект споменик со голема културно историска вредност. На Еврејските гробишта ќе биде обезбедена дополнителна грижа и заштита на просторот, ќе биде изградена посебна алеа и ќе бидат засадени дрва, исто толку колку што некогаш во Битола имало еврејски семејства, посочи градоначалникот Талески на вечерешната свеченост во овој град.
Според амбасадорот Ориан, многу настани од минатото обврзуваат да се направи нешто конкретно во сегашноста, а изборот на Битола како град во кој се случуваат и реализираат повеќе проектни активности и манифестации се потврда за третманот на овој град од страна на амбасадата и од него лично.
-Меморандумот или декларацијата е многу важна бидејќи таа мотивира да работиме заеднички, институционално здружени за да не забораваме на минатото во Битола. Нашиот единствен пат и планови се врзани со иднината, со желба во Битола да донесеме многу туристи за да ги погледнат и да прочитаат за сведоштвата од минатото. Со овој документ ја испланиравме нашата идна соработка незборавајќи го минатото, ќе ги придвижуваме нештата бидејќи даваме нов импулс на нашата соработка, посочи амбасадорот Ориан.
Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и израелскиот амбасадор Дан Ориан отворија изложба на тема „Еве Сум“ – Израелските предели во илустрациите на детските книги од 1948 до 2014 година, која ја организираше граѓанската организација Здружение за одржлив урбан развој, архитектура и амбиент АРХАМ-Битола.
Ново на Сител
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
