Постигнат договор за платите во ЈСП, автобусите почнуваат да сообраќаат
Постигнат е договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат, потврди за МИА претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски.
– Трансферот на пари е направен. Платата ќе биде поделена утре. Автобусите почнуваат да собраќаат, изјави Стојановски за МИА.
Информацијата им е пренесена од градоначалничката на Град Скопје со која имале средба пред половина час.
И од Град Скопје преку соопштение потврдија дека е изнајдено решение. Го повикаа менаџментот на претпријатието да си даден оставка и ги повикаа Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат долговите кон ЈСП.
– ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието. Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос. Платите за ЈСП се обезбедени. Во меѓувреме остануваме на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата против дваесет и петгодишниот овчар од Старо Нагоричане
-

Кривична за 30-годишен припадник на Армијата, во ранецот му пронашле марихуана
-

10-годишно дете почина по пад од тераса во Тетово
-

Десет кривични имал сопругот на Ивана, на вчерашната трагедија и претходела расправија
-

Прегазена 59-годишна жена од с.Злетово, починала на местото на несреќата
-

На 2 февруари во ЦСР е добиен допис од МВР за напад на сопругот врз починатата жена, велат од МСПДМ
-

МЕРМС: Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност на снабдувањето за граѓаните и стопанството
-

Генералниот секретар на НАТО Руте пристигна во Скопје
