Постигнат договор за формирање нова влада на Италија

Антиинституционалното Движење Пет ѕвезди (М5С) и десничарската националистичка партија Лига рано изутринава постигнаа договор за платформата на новата влада на Италија и го усогласија заедничкиот кандидат за италијански премиер.
Името на кандидатот за премиер не е соопштено, но според бриселскиот портал Политико., речиси е извесно дека сојузот на двете популистички партии ќе раководи со третата најголема економија во Еврозоната.
Двете партии сега треба да го известат италијанскиот претседател Серџо Матарели за договорот, по што тој ќе закаже финален круг консултации со партиите и ќе одлучи кого ќе предложи за премиер.
Договорот меѓу М5С и Лигата е резултат на последниот од низата обиди за излез од двомесечниот ќор-сокак и за избегнување на предлогот на претседателот на Италија за формирање „неутрална влада" што би раководела со земјата до одржувањето предвремени избори.
Лидерите на М5С и Лигата, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини се состанаа двапати во Милано за да ги договорат деталите на коалицискиот договорот.
- Пишуваме историја и потребно е малку време, рече Ди Мајо по средбата со Салвини.
Тој потврди дека е постигнат договор за името на кандидатот за премиер, но одби да открие за кого станува збор.
- Се работи за политичар, а не технократ, рече Ди Мајо.
Ново на Сител
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
-

Преглед на вестите од светот
-

Туристите од Германија најбројни
