Поставување сообраќајна сигнализација во Облешево

Општина Чешиново-Облешево се зафати со одржување на постојната и поставување на нова хоризонтална и вертикална сигнализација во населното место Облешево каде што поминува и магистралниот пат А-3.
Катерина Постолова од општина Чешиново-Облешево, информира дека се поставени сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот по главните улици во населбата, на магистралниот пат А-3 кој минува низ населбата, кај основното училиште „Климент Охридски“ и кај општинската зграда во Облешево.
Во однос на хоризонталната сигнализација, обележани се пешачки премини како и автобуски постојки кои исто така се соодветно обележани и со вертикална сигнализација.
Со спроведувањето на оваа активност, од општината очекуваат, значително да се подобри непречено одвивање на сообраќајот во населеното место Облешево, а со обележување на пешачките премини кај Основното училиште да се зголеми и безбедноста на децата при поминување на улица.
Целокупната активност се реализира во соработка на општина Чешиново-Облешево и Македонија пат. кг/аа/15:38
Ново на Сител
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
-

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал
-

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Македонија напаѓа четири злата: Велков, Смилевски, Велески и Бабоски денес во финале
-

Со надчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар над Дебар
