Последен поздрав брате Хефнер - некролог кој го воодушеви регионот

Веста за смртта на основачот на Плејбој Хју Хефнер го обиколи светот, а ниту нишлиите не му останаа должни. Имено, неговите најверни фанови од Ниш му објавија некролог во Народниот весник.

Додека славните личности од светскиот шоу бизнис е простуваат од Хју Хефнер преку социјалните мрежи, неколку нишлии, негови фанови, почитувачи на неговиот лик и дело, се собраа и договорија да му дадат некролог на Хефнер во локалниот весник Народне новине.
Текстот е едноставен и јасен - „Последен поздрав на нашиот брат. Засекогаш твои пријатели“.
Тие велат дека до идејата дошле спонтано, додека пиеле утринско кафе ја почитале веста за неговата смрт и веднаш се договориле за некрологот.
-Сите од ова друштво со години купуваат и читаат Плејбој, но тоа не е единствената причина, не воодушеви и позитивниот став на Хју Хефнер, посебно неговото противере на НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година, рекоа тие.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
