Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 19.01.2024 (петок), поради активности по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Имено, од 08.00 часот па до завршување на активностите, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски“, на потег од крстосница со бул.„Гоце Делчев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“, во двете насоки. Во општина Ѓорче Петров од 08.00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански одреди“, до ул.„Ѓорче Петров“, па од ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.
Во општина Аеродром од 10.00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче. МВР апелира до сите граѓани - учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од униформираните полициски службеници.
Ново на Сител
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
-

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
-

Приведен 77-годишник кој допирал жена во Скопје
-

Ја уценувал поранешната партнерка со компромитирачки видео запис од неа - приведен скопјанец
-

Турчин измамил свој сонародник за 6.650 евра, му ветил документи за престој и работа во Македонија
