Портпаролката Марија Захарова го исмеа Бајден

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја исмеа изјавата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за демократијата, со која тој сакал да го дискредитира актуелниот шеф на државата.
Како што рече Захарова, Бајден целел кон Трамп, а погодил во европските монархии, опишувајќи ги како недемократски режими.
Бајден го критикувал актуелниот американски претседател Доналд Трамп, велејќи дека ја срамоти земјата и додавајќи дека „во демократија нема кралеви.“
– Некој го разбудил Бајден, и тој буквално изјави: „Во демократија нема кралеви“. Негова мета бил Трамп, но ги погоди оние од другата страна на океанот. Чекаме да се разбуди кралот Чарлс Трети и да дознае од својот американски пријател Џо дека во Британија нема демократија: Или е монархија или демократија, искоментира таа во објава на Телеграм.
Таа иронично додава дека „ќе има работа и за Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое има обврска да донесе резолуција со која ќе се осуди назадувањето на Шпанија, Холандија, Белгија, Данска и Шведска во однос на демократијата“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
