Поранешните професионални војници ќе ги обезбедуваат болниците

Поранешните професионални војници кои се уште работат во Министерството за одбрана ќе бидат вклучени за директно обезбедување во редарската служба во болниците.
За ова денеска на прашање на МИА информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска од Армискиот полигон „Криволак“.
-Денека разагваравме дека директното обезбедување за редарската служба најверојатно ќе го реализираме со еден дел од поранешните професионални војници кои сеуште работат во Министерството за одбрана и тие ќе бидат првата линија на поддршка. Тие нема да бидат ниту униформирани, ниту вооружени но ќе обезбедат ред и информации за граѓаните, соопшти Шекеринска.
Министерката информираше и дека дополнително на денешната седница на Главниот штаб се согласиле дека одреден број на санитетски возила со возачи од страна на Армијата да бидат отстапени за некои болници и на клиниките во Скопје.
-Согласно одлуката на претседателот, Армијата има различни и задачи, да обезбедуваа медицинска поддршка со медицински сили. ВБЦ отстапува еден дел од својот состав и персонал за земање брисови, за епидемиолишки анализи, во поддршка на други институции за транспорт, истакна Шекеринска.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
