Поради блокадата на Бугарија, дискусијата за преговарачките рамки истисната од дневен ред на ЕУ

Денеска се одржува министерскиот состанок за европски прашања на кој требаше да се даде зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија, и најверојатно за Албанија со дополнителни услови, но поради ветото на Бугарија целата дискусија е отстранета од дневен ред, јави дописничката на МИА од Брисел.
Германското претседателство и останатите земји членки на ЕУ не успеаја да ја надминат блокадата на Бугарија која поради билатерални прашања со Скопје одбива да даде согласност за одржување на првата меѓувладина конференција оваа година, прашање кое беше апсолвирано со усвојувањето на Преспанскиот договор, договорот за пријателство и новата методологија за пристапните преговори.
Во ЕУ владее фрустрација со односот на Бугарија кој се смета за непринципиелен бидејќи билатералните прашања, посебно поврзани за самоопределувањето на земјите, не смеат да бидат пречка за ЕУ интеграцијата.

Македонија чека почеток на преговорите со ЕУ од 2005 кога го доби официјално кандидатскиот статус.
-Германското претседателство е фрустрирано што не беше возможно да се постигне прогрес за преговарачката рамка со Македонија, направивме сѐ што можевме вклучително и олеснување на компромис помеѓу Бугарија и Македонија, не сме задоволни што Бугарија ги блокира пристапните преговори поради билатерални прашања со Македонија, поради ова земјите членки сметаат дека не може да се напредува ниту со Албанија, изјави висок дипломатски извор на ЕУ пред одржувањето на министерскиот состанок.
Според дипломатите „нема светло на крајот од тунелот“ во однос на деблокирањето на преговорите со Македонија, бидејќи Бугарија не попушта за билатералниот спор, со што се создаде целосна блокада во Советот во однос на проширувањето.
Дипломатите во ЕУ не очекуваат напредок до крајот на германското претседателство, а лидерите на ЕУ в четврток и петок во Брисел „нема да имаат време да се занимаваат со проширувањето“ бидејќи агендата е „веќе преполна“.
Барањата на Софија не само да се вметнат билатералните прашања во преговарачката рамка со Македонија, туку тие да добијат иста тежина како и фундаменталните теми поврзани за владеењето на правото, се неприфатливи ниту за Скопје ниту за останатите земји членки на ЕУ кои стравуваат дека со тоа ќе се создаде преседан, опасен за целокупниот процес на проширување.
ЕУ на денешниот министерски состанок ќе се фокусира на Брегзит и на буџетот, две клучни теми за ЕУ за кои исто така сѐ уште нема компромис.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
