Попоски учествуваше на министерски состанок на ПСЈИЕ во Бугарија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска учествуваше на Министерски состанок на државите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Правец, Република Бугарија, соопшти МНР.
- Заедно ги нагласивме економската соработка, инфрастуктурното и енергетското поврзување. Истовремено, констатиравме дека е крајно време регионот да го остави минатото и да се сврти кон заедничката европска иднина. Во таа насока, се согласивме дека отворените прашања во регионот можеме да ги решаваме единствено низ отворен дијалог и поголема поврзаност преку границите во регионот. Истото ќе отвора нова соработка меѓу државите и е пред се македонски интерес. Затоа, со сигурност ќе работиме во оваа насока, истакнал Попоски.
Како што соопшти МНР, за време на состанокот, министрите го поддржале текстот на Декларацијата по повод 20-годишнината од воспоставувањето на Процесот, која ќе биде усвоена на Самитот на шефовите на држави и влади, што ќе се одржи утре во Софија, со што практично се заокружува претседавањето на Република Бугарија со Процесот.
Ново на Сител
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
