Македонија
22. August 2015 - 9:03

Попоски ќе ги посети децата на летниот камп „Ја сакам Македонија“

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе го посети Летниот камп  2015  „Ја сакам Македонија“ кој секоја година, традиционално, се одржува во Охрид.

Во рамките на посетата на овој камп, кој се одржува во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, министерот Попоски ќе одржи предавање и ќе им додели благодарници на учесниците на кампот.