Поп запеа во „Пинк Ѕвездите“, жирито остана без текст за неговото пеење, а и за изгледот

Георгија Ковачевиќ е студент на Богословија и синоќа се претстави пред жирито на музичкото натпреварување „Пинкови ѕвезди“ и ги воодушеви сите.
Имено, кога Милан Калиниќ излезе на сцената на сите им соопшти дека Георгија е студент на Богословија. Само Александра Радовиќ не го даде својот глас по првата отпеана нумера на младиот пот.
-Прекрасно отпеа. Пееш како фронтменот на групата Легенди. Многу си посебен и убаво изгледа и убаво пее, му рече Дара.
-Воопшто не ти е лесен факултетот. Тие мораат да знаат да пејат повеќе различни гласови. Знаев дека ќе бидеш одличен и понаков, воодушевена беше Драгана Мирковиќ.
Зорица Брунцлик го замоли натпреварувачкот да отпее акапела рефрен, по што на крајот се поткрена и Александра.
-Пеењето кое тој го научил нема музика. Морав да ја чујам бојата, уживаше Зорица.
-Факт е дека гласот најдобро плива сам. Кога говориме за свештенството, јас не сакам да ги викам попови. Многумина од нас би се посрамиле кога ќе ги чуеме како тие пеат. Не постои „попско пеење“. Твојо животни повици и не мора и не треба да се косат, рече Александра.
Втората песна со која потоа се претстави Георгија беше нумерата на групата ЕКВ „Ти си сав мој бол“.
-Како те препознав како талент, рече со насмевка Зорица.
-Неверојатно, додаде Драгана.
-Факт е дека тебе ова ти лежи подобро од онаа првата песна која ја пееше. И јас сакам да ти помогнам доколку е ова што ти навистина го сакаш. Ти посакувам се најдобро, рече Александра.
-Ти сакаш нам лебот да ни го земеш, човеку! Ако е ова тоа што сакаш да се занимаваш, тогаш заборави на она другото, му рече Шабан и запеа црковна музика во што му се придружија и колегите.
-Не сте лош, оче Шабане, се пошегува Милан Калиниќ.
Ново на Сител
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
-

Цените на храната и оваа година ќе останат исти, смета бизнисот
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија


