Помош од ОБСЕ за областите погодени од поплавите

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер одобри 20.000 евра донација од хуманитарниот фонд на Организацијата за итна помош на најпогодените заедници од поплавите во Скопје и Тетово. Помошта, неопходни алатки и материјали, ќе биде доставена преку Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Мисијата веќе додели генератори за струја и рачни светилки и организира работни тимови на волонтери од својот персонал да помагаат во отстранување на остатоците и калта.
Волонтерскиот „Блосом Фонд“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје исто така донираше 1.500 евра.
- Во овие тешки моменти, ние сме покрај граѓаните на оваа земја и се надеваме дека поддршката и солидарноста од ОБСЕ и меѓународната заедница, ќе придонесе за брзо враќање на нормалните услови за живот во погодените заедници, рече в.д. заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Стивен Дејвис.
Тој нагласи дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да работи и обезбедува поддршка каде што е можно, соработувајќи со локалните власти, организациите, погодените заедници и нивните меѓународни партнери.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
