-->
-->
Помош од Крива Паланка за настраданите во невремето
-->

Тимот за одговор и дејствување при катастрофи од Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка од изутрината се наоѓа во општина Гази Баба каде во координација со Црвен крст на Република Македонија и надлежнитe институции пружа помош за санирање на штетите и расчистување на теренот.
- На терен се пет члена на Тимот за одговор и дејствување при катастрофи, кои од пунктот во ООУ„Наум Наумовски-Борче“ ќе бидат распоредени на најзагрозениет локации. Од нашата општинска организација се испратени и хуманитарни пакети со конзервирана храна, хигиенски намирници и вода, најнеопходни средства за населението, согласно препораките, собрани на отворениот пункт во Црвен крст изминатите 72 часа-информира Дарко пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.
Рече дека Кривопаланчани како и многу пати до сега ја покажале својата хуманост.
- Собирната акција беше успешна, а граѓаните сѐ уште доаѓаат во просториите каде е стациониран пунктот. Покрај материјални средства, собрани се и 16.900 денари кои се уплатени на сметката на фондот за солидарност, а голем број стопанственици од градот веќе донираа финансиски средства во овој фонд, додаде Пешовски.
Истакна дека во досегашните активности биле вклучени Клубот на пензионери при Црвен крст, Клубот на млади и Тимот за одговор и дејствување при катастрофи. Според него, сите расположливи капацитети на Општинската организација се на располагање, а човечките ресурси се во приправност за сѐ што ќе биде неопходно во претстојниот период.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Основање на Кинеско - македонска стопанска комора
-

Најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб во Банкгок
-

Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон
-

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година
-

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати
-

САД и Иран продолжија со меѓусебните напади
-

Министерот Мисајловски во посета на касарната во Ќојлија
-

Собранието ќе избира нови членови на Владата
