Половина час пауза во Собранието на самиот почеток на денешната седница

Собранието на Република Македонија денеска ја почна 12. седница, но на самиот почеток е дадена пауза од половина час по барање на пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Паузата е побарана за да може, како што рече Милошоски, да се договорат пратениците од парламентарното мнозинство за кој од двата закона поднесени од ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат поддршка.
Во процедурална забелешка Милошоски рече дека како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат законите за стечајните работници, за зголемувањето на минималната плата и за укинувањето на радиодифузната такса, но оти бараат да биде поддржан барем еден од двата закона што ги поднесуваат тие.
- Како коалиција „За подобра Македонија“ кажавме дека за сите три закони нема да правиме проблеми, но бидејќи и ние имаме два закона кои ни се важни, а важни се и за сите граѓани, би сакале конструктивноста на опозицијата да соодветствува и за возврат да имаме даден збор за макар еден од двата закона, рече Милошоски, додавајќи дека законите ќе почнат да се применуваат од следната година и оти сега нема да имаат финансиски импликации врз Буџетот.
На дневен ред на денешната седница се законите за зголемување на минималната плата, за решавање на статусот на стечајните работници и за укинувањето на радиодифузната такса, поднесени од парламентарното мнозинство. Како законски решенија предложени од ВМРО-ДПМНЕ се законите за зголемување на платите за вработените во јавната администрација за 5 проценти и за издавање вредносни бонови - ваучери.
Ново на Сител
-

Четири лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
